Центарот за управување со кризи известува дека од Регионалниот ЦУК Битола е добиена информација дека денеска во 09:30 часот од страна на РЦУК Прилеп е известено за случена сообраќајна незгода во близина на с. Вашарејца – Битола.
Превртена е цистерна со плин. Известени се ТППЕ Битола којашто прати 4 пожарникари со 1 ПП возило, а МВР Битола се веќе на терен.
Возачот на камионот е лесно повреден и е пренесен во клиничката болница во Битола од страна на Итна медицинска помош.
За подигање на цистерната се чека механизација, стои во информацијата на Центарот за управување со кризи.












