Продолжувањето на преговорите за ставање крај на руската војна против Украина е доведено во прашање.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека е тешко да се разговара за мир поради гневот на јавноста поради наводните злосторства извршени од руските војници.
Зеленски рече дека Мариупол, некогаш еден од најразвиените градови на истокот, сега е „концентрационен логор меѓу урнатините“. Претходно истиот ден тој им рече на полските новинари дека украинскиот народ бара одмазда за наводните злосторства од страна на руските војници и „кога постои таков став, тешко е да се зборува за работи“.
Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја отфрли понудата Обединетите нации да помогнат во обезбедувањето на хуманитарни коридори од опколените украински градови, го повика „Западот да престане да дава оружје за Украина и рече дека продолжуваат „тешките“ преговори со Киев.
Во изјава за кинеската официјална новинска агенција Ксинхуа, Лавров денеска посочи дека разговорите со Киев продолжуваат секојдневно, при што Москва инсистира на „признавање на новата геополитичка реалност, укинување на западните санкции и статусот на рускиот јазик. “












