ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ВНИМАТЕЛНОСТ ОД ПОЈАВАТА НА ЗМИИ

Како последица на топлото време и високите температури забележана е појава на змии во населени места. Змиите се честа појава, особено во летниот период од годината и може да бидат опасни по живот, но сепак се дел од природата и не е препорачливо да се убиваат.

Од ЦУК сугестираат за превентивните мерки кои граѓаните можат да ги превземат при средба со змиите. Доколку се случи некој да е гризнат од ваквите влекачи пожелно е да се послужи со прва самопомош, а веднаш потоа да се јави на 112 во ЦУК, при што следува поврзување со Итна медицинска помош. Бидејќи змијата е опасно по живот животно и има предиспозиции да биде отровна, препорачливо е освен прва самопомош, за што пократко време да се добие и медицинска помош или третман од професионалните лица.

Посебни институции или надлежни служби одговорни за отстранувањето на змии нема, но она што може да им излезе во пресрет на граѓаните се физички лица, но и граѓанските асоцијации за заштита на животните кои можат да помогнат во однос на отстранувањето на змиите на безбеден начин, без тие да бидат убиени, секако при претходна консултација и договор со нив во рамките на заедничките, но и законските можности.

Во овој потопол период од годината, ЦУК превентивно потсетува дека при прошетките во природа граѓаните може да имаат случај да се сретнат со змии, при што најчесто тие бегаат од луѓето. Но, ако змиите бидат вознемирувани намерно или ако случајно бидат нагазени или наседнати, иако во ретки случаи, можат граѓаните дури и да бидат гризнати од влекачите.

Во летниот период, поради појавата на змии, во населени места, осбоено во зелените предели, потребно е да ги одржуваме дворовите и градините чисти и средени со тоа што редовно ќе се коси тревата и ќе се отстрануваат високите грмушки каде што најчесто се кријат змиите. Храна за домашни миленичиња треба да се чува на безбедно и затворено место, а на прозорците и вратите е пожелно да се стават мрежи за да се спречи влезот на змиите.