ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРОЕКТОТ „ЗАЕДНИЦИ ИНКЛУЗИВНИ ЗА МЛАДИ“

30 месечниот проект „Заедници инклузивни за млади“ во чиј дел е и Сфера интернационал ги опфати скоро сите градови од држвата. Засегнати страни во проектот беа младинските организации, локалните младински совети, единиците на локални самоуправи и младинските службеници. И секако многу битни беа младите вклуени со секоја фаза од планирање до реализација на активностите.

Проектните активности успешно ги зајакнаа капацитетите на 112 учесници од младински организации, неформални групи и седум локални младински совети преку 4 реализирани обуки во областите на социјална инклузија, антидискриминација, социјална правда, застапување, лобирање и јавни политики.

Заклучоците се дека Младите и младинските организации остануваат ниско на агендите на властите, Општините продолжуваат да покажуваат мал интерес за имплементација на законските обврски за формирање на локален младински совет, Од аспект на имплементацијата на механизмите за младинско учество, Националното собрание за млади, следствено и Националното советодавно тело за младински политики сè уште не се формирани, а Локални младински совети има во 34 општини, што претставува 42% од вкупниот број на општини.

Процесот за донесување на Националната стратегија за млади, како обврска од Законот за младинско учество и младински политики, беше финализиран во текот на 2023 година. Новитет во стратегијата во споредба со претходната е тоа што стартегијата опфаќа и нова област, односно безбедност и ненасиство;  18 општини имаат Локалната стратегија за млади, односно само 22% од општините, а само 12 општини имаат креирано и усвоено акциски план.

„Општините пријател на младите – Mладинското учество во фокус“, организирана во рамки на проектот “Заедници инклузивни за млади”. Проектот е имплементиран од Националниот младински совет на Македонија во партнерство со Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, Платформата за зајакнување на младите од Гостивар и Здружението за одржлив развој СФЕРА Интернешнал Битола. Конференцијата ќе се одржи на 12 август 2024 година која ќе претставува завршна активност на проектот, кој што во текот на претходните години беше посветен кон подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот. на овој настан ќе се одбележи и Меѓународниот ден на младите, кој се прославува токму на 12-ти август.

На конференција ќе биде доделувањето на наградата за општина која се покажала како најпријателска за млади.