Во музејот на Ранко Струмениковски во Битола, средношколци од гимназијата „Јосип Броз Тито” ги изложија нивните дела, на изложбата со наслов: “Nexus“. Автори на истата се:Ангела Дуковска, Анушка Симјановска, Антон Гагачев и Анастасија Јанкуловска.
Делата на секој од авторите се со различна тематика и различен стил. Заслужен за реализацијата на оваа изложба е Драган Ристевски, како и професорот по ликовна уметност- Александар Поповски.

За изложбата на отварањето зборуваше графичкиот уметник Владо Ѓоревски – Рафик, кој рече дека му е посебно мило што има чест да зборува на изложба на млади ликовни автори од Битола, гимназијалци, тоа значи само едно: дека уметноста ќе продолжи да живее во Битола, а тоа што четворицата се матуранти за нив е плус во одредување на нивната понатамошна кариера. Исто така Ристевски и Поповски ја отворија изложбата со збор два за пофалба кон учениците, а огромна благодарност изрази Ангела Дуковска во име на сите творци. Таа беше пријатно изненадена што присуството беше во огромен број и истакна а дека публиката е онаа која е заслужна за тие да го продолжат нивното творење.На отворањето на изложбата настапија и Андреј Петковски и Бојан Анакиевски. Дел од изложените уметнички дела имаат продажен карактер.












