ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕЗЕНТИРАНА ИЗЛОЖБА ВО ЧЕШКА ЗА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

По повод Меѓународниот ден на бегалците отворена е изложба во организација на македонските заедници од Чешка и Полска во рамките на одбележување на 75 годишнината од прогонот на македонските деца од Егејскиот дел на Македонија.

На границата меѓу Чешка и Полска, во барокниот замок Линхартови и градот Крнов е поставена изложба од Георги Дуртаноски која вклучува уметничка инсталација на отворено со 20.000 црвени стапалки кои ги симболизираат крвавите стапалки на децата прогонети од своите домови во Егејска Македонија со испишано име и презиме на секое протерано дете заедно со името на неговото родно место со македонски топоним.Во градот Крнов пак, во 1948 и 1949 според статистиката беа сместени најголем број на македонски деца од вкупниот број кои ја напуштиле својата родна земја.

Уметничкиот перформанс на Георги Дуртаноски насловен Interitus Macedonum („Истребување на Македонците„) вклучува и изложба на фотографии и предмети кои го опишуваат тешкиот пат на децата-бегалци во непознат и неизвесен правец, некои од нив згрижени и преместувани дури во детски домови во три или четири држави.Изложбата ја отворија градоначалничката на градот Албрехтице Јана Мурова и Димитри Кирјаковски, истакнат македонски деец од Костур кој во 1948 година на петгодишна возраст бил згрижен во детските домови во Полска и подоцна во Чешка.

Беше прикажан и филмот „Македонец“ со лично присуство на режисерот Петро Алексовски – син на Мито Алексовски кому е посветен овој документарен филм, како и други документарни филмови од архивите на националните телевизии на Чешка, Унгарија, Романија, Франција.

Граноначалничката на Албрехтице Јана Мурова ја истакна важноста на сеќавањето и почитта кон жртвите за подобро да го запознаеме минатото, а со тоа да знаеме да ја планираме иднината.

На крајот беа промовирани лимитирани поштенски пликови со логото на изложбата Interitus Macedonum и медаљони со мотив на деца во бегство придружувани од жена-мајка, а поделени беа и два каталози од постојаната поставка на Музејот на Македонија за Граѓанската војна во Грција (1946-1949) преведени на чешки јазик.