После свеченото отварање на Интерфест со двете балетски претстави: „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ во изведба на уметниците од Македонската опера и балет, програмата на фестивалот продолжи со ликовната изложба „Пат за Дихово“, на авторот Миливоје Новаковиќ Кањош од Србија. Вовед кон делата на Кањош даде кустосот Владо Ѓорески кој на само нему својствен начин успева да ја дисецира естетиката на авторот, откривајќи ја неговата тајната порака
и циливизациски контекс.
Миливоје Новаковиќ-Кањош е академски сликар, магистер по ликовни уметности. Еден од основачите на Меѓународна ликовна колонија Де Ниро каде беше координатор од 2005-2010 година.

Роден во 1938 година во Ферзовиќ-Рогатици. Ликовна академија завршил во Белград во 1964 година во класата на проф. Зоран Петровиќ. Пред уписот на ликовна академија приватно учел сликање кај сликарот Јован Бјелиќ. Редовно изложувал на самостојни и групни изложби во земјата и во странство. Имал повеќе од 40 самостојни изложби, а учествувал и на повеќе од 300 групни изложби. Кога се зборува за изложбите на УЛУС, од 1965 до 2014, изложува на сите значајни изложби, како што се Октомвриски салон, Пролетни и Есенски изложби, изложби на Мала пластика и цртеж, аукциски изложби, изложби на Клубот ветерани на УЛУС.
Сликите на Миливој Новаковиќ – Кањош се наоѓаат во државните институции и приватни колекции во Србија и други земји, како Германија, Холандија, Франција, Австрија, Шпанија, Шведска, Англија, Унгарија, Канада, Македонија, Хрватска итн.












