Како резултат на соработката на Културно информативниот центар Битола со Битолскиот театар, се одигра премиерата на претставата „Божиќна песна“ во режија на Јован Ристовски.
„Ова е претстава за човечките вредности. Децата имаат прилика да искусат дека материјалниот свет не е цел за подобар живот, напротив дека најбитно е здравјето, почита, љубовта према ближните, пријателите. Никогаш не е доцна човек да го промени својот “пат” кон подобри и повозвишени цели“, ни изјави режисерот Ристовски. Во претставата играат Александар Димитровски, Валентина Грамосли, Катерина Аневска, Петар Спировски, Живко Борисовски, Елена Моше, Кристијан Танчевски.

Се работи за една од од најгледаните новогодишни и божиќни приказни, која раскажува за скржавецот Скруџ и неговиот вработен Боб Крачит. Претстава која деновиве ја полни салата во Народниот театар во Битола.
Сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимографијата на Андреј Папаз Ѓоргиевски.
Претставата е креирана според истоимениот роман на Чарлс Дикенс, во копродукција со Културен и информативен центар Битола, со поддршка на општина Битола.












