ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕСПА БЕШЕ НА УДАР ОД ПОПЛАВИ КАКВИ ШТО НЕМАЛО 40 ГОДИНИ

Природата го зема данокот за несовесното однесување на човекот, велат од ЕКО Герила Преспа по големите поплави во преспанскиот регион, каде најтешко беа погодени селата Дрмени и Царев Двор.

Проблемите се детектирани и преку тековни активности на организациите кои работат во областа на екологијата.

„Во изминатиот период бевме сведоци на нешто што се повтори по точно 40 години на ниво на Преспанскиот регион. За ваква поплава сведочат постарите генерации. И тогаш како и сега главна причина е несовесното однесување на човекот кон природата. Реките и каналите се пренатрупани со ѓубре. Водиме разговори со институциите и локалното население за да се подобри состојбата, но за жал оваа елементарна непогода не затекна неспремни.“-вели Марија Евтимовска од Еко Герила Преспа.

Таа вели дека она што можело деновиве да се види на терен сведочи колку е состојбата сериозна.

    

Причините за ваквата еколошка катастрофа се повеќекратни.

„Станува за збор за се, од управување со шумските површини па се до издавање на одредни концесии, но гледаме и отпад во речните корита како стари фрижидери, електрични апарати, отпад од градење на куќи.. Исто така, каналите на кои на некој начин им се препрека на земјоделците ги зациментирале или сами повеле некои постапки како што нив им одговара меѓутоа го затвориле протокот на каналот што дополнително прави штета кога имаме поголеми количини на дожд.“-вели таа.

Поради ова од ЕКО Герила Преспа настојуваат да ја подигнат еколошката свест кај локалното население.

Преку вклучување во превентивни активности целта е ваквите слики да не се потворат во Преспа.