Утрово -2 стешпени на Попова Шапка, Маврови Анови, Лазарополе, 1 Берово, 2 Крушево, 3 Претор, 4 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Крива Паланка, 5 Куманово, 6 Прилеп, 7 Битола, Гевгелија, 8 Штип, Струмица, 10 Демир Капија, Дојран.
Најмногу дожд наврна во Демир Капија 19 л/м2, 15 во Маврово, 9 Охрид, 8 Претор, 7 П. Шапка, Пожаране, 3 Ѓуриште, Берово 2 Битола, Тетово, Гевгелија, 1 Струмица.
Во текот на ноќта и утринава преовладуваше облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерен претежно јужен ветер. Утринава врнежи од дожд има на повеќе места во западните делови, а пороен дожд имаше во Д. Капија. Ветерот е претежно југоисточен и најсилен е на Ѓуриште и во Струмица.
Времето денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 30 л/м2). На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени. Во Битола до 6 степени.












