ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕТЕЖНО ОБЛАЧНО СО ПОВРЕМЕН ДОЖД

Утрово 3 степени на Попова Шапка, 5 Лазарополе, Крушево, 6 Маврови Анови, 8 Крива Паланка,  Берово, Претор, Прилеп, 9 Битола, 10 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Виница, Охрид, Куманово, 11 Скопје-Петровец, Струмица, Штип, Дебар, 12 Гевгелија, Демир Капија.   

Најмногу дожд 10 л/м2 наврна во Пожаране, 7 Попова Шапка, 5 Тетово, 4  Маврови Анови, Дебар, 3 Лазарополе, 2 Охрид, Крушево, Куманово, 1 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Битола, Гевгелија.

Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, позастапени во западните делови од земјата. Утрово е облачно со локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, само во Штип ветерот повремено засилува (над 40 км/час).

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните и северните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени. Во Битола до 16 степени.