Утрово најстудено 1 Берово, 3 Битола, 4 Тетово, Струмица, 5 Демир Капија, 6 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Штип, Маврови Анови, Лазарополе, 7 Претор, Прилеп, Дебар, 8 Охрид, 9 Скопје-Зајчев Рид, 10 Гевгелија, Куманово, Попова Шапка, 11 Виница, Крушево, 13 Дојран.
Во текот на ноќта времето беше ведро, утрово е сончево со мала до умерена локална облачност. Дува слаб ветер претежно од северен правец.
Денеска времето претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 27 степени. Во Битола до 23 степени.












