ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕТПЛАДНЕ СОНЧЕВО, ПОПЛАДНЕ НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ

Утрово 7 степени во Лазарополе, 9 Маврови Анови, Попова Шапка, 11 Берово, Битола, 12 Крушево, Крива Паланка, Охрид, Претор, 13 Тетово, Прилеп, 14 Виница,  Велес, Скопје-Петровец, 15 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Штип, 16 Струмица, Дојран, 17 Гевгелија.

Најмногу дожд 18 л/м2 наврнаа во Куманово, 12 Дојран, Берово, 5 Ѓуриште, 4 Попова Шапка, 3 Пожар, 2 Струмица, Штип, 1 Скопје – Петровец.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, наместа со врнежи од дожд. Утрово е сончево со мала, а во северните делови умерена облачност поголема на крајниот североисток. Дува слаб претежно од северен правец.

Денеска претпладне сончево со променлива облачност, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени. Во Битола до 26 степени.