ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МЛАДИНАТА НА СДСМ ВО БИТОЛА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Претседателот на Локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Македонија во Битола, Андреј Гулабовски соопшти дека поднесе оставка од функцијата претседател. Гулабовски тоа го објави на својот фејзбук профил.

„Честа да го водам ЛК СДММ Битола за мене значеше борба за секој поединец, многу активизам, многу идеи, другарство и хуманост. Животни лекции кои ќе ги паметам цел живот. Денес од лични причини поднесов оставка од функцијата претседател. Благодарам на раководството на СДСМ Битола за целата поддршка во изминатиот период како и благодарност до раководството на СДММ“ стои во неговата објава.