ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕТСТАВА ОД ХВАР ЗА ДЕНОТ НА ХРВАТСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ВО БИТОЛА

По повод Денот на хрватскиот Парламент, во Битола во Центарот за култура беше организирано предавање и изведба на театарска претстава, гостувања од Хрватска. Манифестацијата беше во организација на МХД.Хрватски културен центар Марко Марулиќ, во соработка со општина Битола и Центарот за култура. „ Ги поздравувам сите присутни и гости на оваа манифестација, ден кога се одбележува еден датум значаен за хрватската историја“, изјави др. Бранко Маретиќ, претседател на МХД.Хрватски културен центар „Марко Марулиќ“.

Предавањето беше на тема “Дали се сеќаваш на мене – дали ме паметиш“, за македонско хрватските културно-уметнички врски во 20. век, а предавач беше Бранка Безиќ-Филиповиќ, од Сплит, која за насловот истакна дека тоа се стихови од песна на Аки Рахимовски.

„Предавањето кое го изложив пред публиката го напиша проф.др.Јосип Ласиќ, од задарскиот и сплитскиот универзитет. Јас го направив и видеото“,  изјави Безиќ-Филиповиќ.

„ Ова го организираме во рамките на тоа хрватите да го сочуваат својот идентитет, да го презентираме богатото хрватско наследство, култура и традиција, а воедно се поврзуваме со нашата матична земја. На овој начин ги поврзуваме нашите два пријателски народи“, рече Маретиќ.

После предавањето се одигра театарската претстава, комедијата на С. Стратиев, “Некој ми го тргна сакото“ во изведба на “Пиколо“ театарот од Хвар, Хрватска. Претставата е во режија на Михал Бибиак. Во претставата играа Мате Ојданиќ, Дражен Сајрановиќ и Томислав Алауповиќ, кои маестрално го одглумија “циркусот од животот“, односно целата апсурдност на бирократијата преку 11 ситуации.

Културните посети и соработки на Хрватскиот културен центар траат повеќе години, односно над 25 години организирање изложби, концерти, театарски претстави, промоции на книги, предавања, се со цел да се претстави и запознае македонската јавност со богатата хрватска култура и традиција.