ТЕРА

REKLAMA???

ПРОБЛЕМИТЕ СО ГРАДИНКАТА ПОТЕКНУВААТ ОД ВРЕМЕТО НА ПРЕТХОДНАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ

Во врска со изнесените обвинувања на партиската прес конференција на СДСМ за градинката во поранешната касарна, од Општина Битола велат дека проблемите помеѓу општина Битола и изведувачот се појавиле уште по потпишувањето на договорот од страна на претходната локална самоуправа, поради што и најголемата вина за сегашната ситуација, потекнува токму од тој период.

„Проблемите кои се појавиле на крајот на претходната градежна сезона, продолжија и оваа, а истото беше потврдено и од страна на изведувачот.

После потврдувањето од надзорот, дека не е возможно изведувачот да ги заврши предвидените обврски, Општина Битола пристапи кон раскинување на договорот, со цел спроведување на нова постапка за јавна набавка и избор на изведувач кој ќе ги заврши градежните активности.

Од страна на Општина Битола, во буџетот предвидени се потребните средства, со цел заокружување на првата фаза од реконструкцијата.

Коинвеститорот за изградба на новата детска градинка е известен за постапката, а заедничката цел на Општина Битола и германскиот инвеститор Кромберг и Шуберт е изградба на новата детска градинка во населбата АРМ со капацитет за згрижување на 246 деца.

Во овој момент, општината работи на надминување на затекнатите и наведени проблеми и реализација на проектот“, стои во објаснувањето од Општина Битола.