ТЕРА

REKLAMA???

ПРОГЛАСЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ ВО УЧИЛИШНИОТ СПОРТ ВО БИТОЛА

Во ООУ „Свети Климент Охридски“, се одржа завршната манифестација „Прогласување на најуспешните за Училишен спорт“ за учебната 2022/23 година.

Во овие активности беа вклучени 3200 ученици во 28 категории во 15 спортови.

За најуспешно основно училиште е прогласено ООУ „Климент Охридски“, а за најуспешно средно училиште СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“.

На настанот, присутните изразија голема благодарност до општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски, кои оваа година, преку програмата за спорт и млади, за училишниот спорт издвоија 700.000 денари.

Градоначалникот Коњановски, честитајќи им на најуспешните им посака нови спортски резултати во следната учебна година и уште поголема ангажираност на наставничкиот кадар и учениците, со цел поттикнување и развој на спортскиот дух кај младите.