Вкупно 13 израелски заложници ќе бидат ослободени вечерва како и 39 палестински затвореници, во одложената втора размена договорена како дел од привременото примирје во Газа, соопшти посредникот Катар.
Седум странци кои се заложници во Газа, исто така, ќе бидат ослободени, се додава во соопштението.
Катар се надева дека примирјето меѓу Израел и Хамас ќе биде продолжено по истекот на договорените четири дена, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед ал Ансари.
Агенцијата на Обединети нации за хуманитарна координација (ОЦХА) соопшти дека од стапувањето во сила на примирјето помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа пристигнале 248 камиони со хуманитарна помош.
Според ОЦХА 61 камиони со медицински материјали, храна и вода се доставени во северниот дел на палестинската енклава, а во болницата Ал Шифа доставени се 11 амбулантни возила и три автобуси.
Вчера на вториот ден од привременото примирје Хамас ослободи вкупно 17 заложници, од кои 13 Израелци и четворица Тајланѓани, додека Израел ослободија 39 палестински затвореници од кои шест жени и 33 деца до 19 години.
За денеска е најавено дека Хамас ќе ослободи уште 13 заложници.
Договорот за четиридневното примирје предвидува ослободување на најмалку 50 од вкупно околу 240 заложници на 150 Палестинци од израелските затвори/
МИА