ТЕРА

REKLAMA???

ПРОДОЛЖУВА ПЕРИОДОТ НА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ

Времето денеска променливо облачно, од пладневните часово на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.

Максималните дневни температури од 19 до 28 степени, во Битола до 25.

Ќе продолжи периодот на променливо облачно време од пладневните часови и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Особено пообилни врнежи ќе има од утре кон деновите од викендот.