ТЕРА

REKLAMA???

ПРОДОЛЖУВА ПЕРИОДОТ НА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ

Времето денеска променливо облачно, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени. Во Битола до 24 степени.

Влијанието на циклонската активност од југозапад ќе услови времето и во следните денови да се задржи претпладне сончево, а попладне променливо облачно на места со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.