ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 16 СТЕПЕНИ

Утрово -2 степени на Попова Шапка, -1 Берово, 1 Крушево, 2 Битола, Маврови Анови, Крива Паланка, Лазарополе, Скопје-Петровец, 3 Струмица, Гевгелија, 4 Демир Капија, Штип, Претор, Тетово, 5 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 6 Охрид, 7 Дебар.

Најмногу дожд 11 л/м2 наврнаа во Претор, 9 Крива Паланка, 7 Маврови Анови, 6 Охрид, 5 Прилеп, Струмица, Демир Капија, Берово, Крушево, Лазарополе, Ѓуриште, 4 Битола, 3 Тетово, Пожаране, Штип, Гевгелија, Тополчани, 2 Виница, Попова Шапка, 1 Скопје Зајчев Рид.

Во текот на ноќта облачноста се намали, па утрово преовладува сончево време, во западните делови со умерена облачност. Дува слаб до умерен јужен ветер кој во прилепско засилува.

Денеска прeтпладне сончево, во западните делови со мала до умерена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен. Во Битола до 16 степени.