Утрово 2 степени на Попова Шапка, 4 Маврови Анови, 5 Крушево, 7 Охрид, Битола, Дебар, 8 Претор, Крива Паланка, 9 Берово, Прилеп, Тетово, 10 Виница, 12 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Штип, Струмица, Демир Капија, Дојран, 13 Гевгелија.
Најмногу дожд од 4 л/м2 наврнаа во Скопје Петровец, Крива Паланка, 3 Охрид, Берово, Дојран, 2 Скопје Зајчев Рид, Тетово, Битола, Штип, Демир Капија, Виница, Гевгелија, 1 Прилеп, Струмица, Крушево.
Во текот на ноќта времето беше облачно, на места со врнежи од дожд. Утрово е променливо облачно. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне локално ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени. Во Битола до 20 степени.












