Утрово 12 степени во Берово, Крушево, Крива Паланка, Битола, 14 Охрид, Дебар, Претор, Прилеп, Струмица, 15 Скопје-Петровец, Виница, Дојран, 16 Тетово, Штип.
Во текот на ноќта и утрово времето беше променливо облачно со слаб ветер од променлив правец. Утрово во јужните делови е сончево со мала, а во останатите делови со умерена облачност.
Денеска претпладне променливо облачно, попладне во северозападниот дел ќе има појава на пороен дожд проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 27 степени. Во Битола до 26 степени.












