ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 18 СТЕПЕНИ

Утрово 0 степени во Берово, 3 Тетово, 4 Лазарополе, Крива Паланка, Битола, 5 Демир Капија, 6 Скопје-Петровец, Штип, Струмица, Гевгелија, Прилеп, 7 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Претор, Дебар, Маврови Анови, 8 Охрид, 9 Виница, 10 Куманово, Дојран.  

Врнежи од дожд имаше во делови од земјата, најмногу 6 л/м2 во Дојран, 5 Крива Паланка, Виница, 4 Претор, 2 Берово, 1 Тополчани, Струмица, Дебар, Куманово.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно. Утрово е променливо облачно, по одделни котлини има појава на магла (во Струмица и Д.Капија со видливост до 200 м) или ниска облачност. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Претпладне по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој на места долж Повардарието и во југозападните делови ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 19 степени. Во Битола до 18 степени.