Врмето денеска променливо облачно со сончеви периоди, а во крајните западни и северни делови со слаби врнежи од дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Утринските температури од -2 до 5 степени, во Битола 1 степен, а дневните од 2 до 12, во Битола до 8 степени.
В четврток со појава на магла по котлините. Во петок и сабота ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и топење на снежната покривка.












