Утрово 12 степени во Берово, Лазарополе, 13 Попова Шапка, 15 Крива Паланка, Маврови Анови, 17 Битола, Струмица, 18 Охрид, Претор, Крушево, 19 Прилеп, 20 Тетово, Штип, Демир Капија, Виница, Гевгелија, Дојран, 21 Скопје-Петровец, Куманово, Кавадарци, 23 Скопје-Зајчев Рид, Велес.
Во текот на ноќта во поголем дел од земјава беше ведро со мала локална облачност, во северните делови облачноста е умерена. Дуваше слаб претежно северен ветер кој е поизразен на поголемите височини.
Времето денеска променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Долж Повардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. Во Битола до 33 степени.
УВ идексот 7.












