Утрово 8 степени на Попова Шапка, 9 Лазарополе, 11 Маврови Анови, Крушево, 12 Берово, Претор, 13 Крива Паланка, Охрид, 14 Прилеп, Виница, 15 Тетово, Дебар, Битола, 16 Велес, Кавадарци, Куманово, Дојран, Струмица, Штип, Демир Капија, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 17 Скопје-Петровец.
Најмногу дожд 52 л/м2 наврнаа во Прилеп, 37 Ѓуриште 31 Крушево, 18 Попова Шапка, 14 Крива Паланка, 12 Берово, 10 Куманово, Тетово, Пожаране, 8 Дебар, Маврови Анови, 6 Скопје-Петровец, Виница, 5 Штип, Д. Капија, Скопје – Зајчев Рид, Охрид, 4 Претор, 1 Дојран, Битола, Струмица.
Во текот на ноќта и утрово времето беше претежно облачно и тивко со повремени локални врнежи од дожд. Утринава врнежи има во Прилеп и Крива Паланка, а во изминатите часови врнело и во Битола и Скопје – Петровец.
Денеска променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со појава на грмежи. Кон крајот на денот облачноста и врнежите постепено ќе се намалуваат.
Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени. Во Битола до 23 степени












