Утрово 1 степен во Берово, 2 во Битола, Попова Шапка, 3 Лазарополе, 4 Крива Паланка, Охрид, Претор, Прилеп, Крушево, 5 Маврови Анови, Дебар, 6 Скопје-Петровец, Тетово, Штип, Струмица, 7 Виница, 8 Скопје-Зајчев Рид, 9 Демир Капија, Куманово, 10 Гевгелија.
Променливо облачно, во првата половина од ноќта во западните делови имаше слаб локален дожд. Утрово по одделни котлини има појава на магла. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Времето денеска променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 14 степени. Во Битола до 14 степени.












