Во изминатите 24 часа најмногу дожд 47 л/м2 наврнаа во Прилеп, 42 Крушево, 35 Дебар, 28 Д.Капија, П.Шапка, 27 Тополчани, 23 Скопје- Зајчев Рид, 19 Битола, 16 Лазарополе, 15 Пожаране, Претор, 14 К.Паланка, Охрид, Ѓуриште, 12 Тетово, Штип, Берово, 8 Виница, 6 Гевгелија, Куманово, Дојран, 5 Скопје-Петровец, 2 Струмица.
Во текот на ноќта и утрово имавме променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на места поројни. Утрово умерено до значително облачно, претежно во северните делови има врнежи од дожд. Пороен дожд имаше и во Скопската Котлина.
Времето денеска прoменливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Наместа ќе наврне поголема количина на воден талог (над 20 л/м2). Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени. Во Битола до 22 степена.












