Утрово 7 степени на Попова Шапка, 8 Лазарополе, 9 Маврови Анови, 10 Берово, Крушево, 12 Охрид, Битола, Прилеп, Тетово, Дебар, 13 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Демир Капија, 14 Куманово, Гевгелија, Виница, 15 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица.
Најмногу дожд 22 л/м2 наврнаа во Ѓуриште, 13 Берово, 9 Скопје-Зајчев Рид, 7 Куманово, Тополчани, 4 Крива Паланка, 3 Претор, 2 Битола, Прилеп, Гевгелија, 1 Тетово, Дебар, Виница.
Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Умерено до значително облачно со локален дожд во ноќните и раните утрински часови.
Променливо облачно со повремен дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени. Во Битола до 23 степени.












