ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА НА ЕЛЕНА БОШБОЖ „СОНЦЕТО ПОД ЗЕМЈА,КРАЛСТВОТО НАД НЕГО“

Во кафе бар Порта џез беше промовиран дебитантскиот епско-фантастичен роман на битолската авторка Елена Бошбож со наслов „Сонцето под земја, кралството над него” книга 1: „Неродениот и човекот кој не умре.” Издавачка куќа на овој роман е АНТОЛОГ. Промотор на настанот беше м-р Маријана Котевска-Георгиева, која ги претстави своите размисли за ова епско-фантастично дело. Модератор на настанотот беше проф. д-р Билјана Граматковски и избрани извадоци читаше Бранислав Николов (Пијан Славеј).

Длабоко под земја лежи второто сонце, елша. Елшата е магична материја која со векови ги хранела Сончевите кралеви, давајќи им натприродна сила. Но не повеќе. Некои не ни веруваат дека некогаш тоа било вистина. Сега поважно е пророштвото – пророштвото кое вели дека Сончевото кралство ќе згасне засекогаш. Неизбежноста на судбината ја засенува кралската фамилија.

Накратко, овој воодушевувачки фантастичен еп претставува прекрасно изграден свет преполн со џинови кои не се џинови, овчари, самовили и волшебна магија. Преку прецизно изработен заплет, читателите се однесени на патување исполнето со пророштва, кралски интриги и самооткривање. Со своите воодушевувачки пресврти, оваа извонредна приказна ќе ги остави читателите со нетрпение да го очекуваат следниот дел од серијалот.

Елена Бошбож (31.10.1996) е писател, магистриран професор по англиски јазик и книжевност. Посетува фантастични светови кога ќе ѝ здодее овој вистинскиот. Пишува и на македонски и на англиски. Нејзиниот прв краток расказ на англиски јазик е објавен во The Dark Corner Zine во 2020 година. Гостуваше и во поткастот Sublimely Gothic. Член е на Македонското научно друштво од 2022 година.