По повод 8 години постоење на здружението 22 Ноември, Сибела Алимовска ја промовираше книгата „Оживување на изворната албанска традиција преку ора, песни, обичаи, легенди и традиции во Битола и околината“.
Околу идејата за истата ни изјави:
„Долги години додека мојата прабаба беше жива често и зборуваше на мојата мајка: “Еден ден нема да ме има, ќе умрам и ништо нема да биде пренесено од тоа што сум знаела и преживеала. Пишувај бидејќи никој нема да ти ги каже настаните од времето подобро од мене. Јас бев мала и љубопитна се да знам, а мајка ми ќе ми речеше “слушаја Фатиме и учи од неа бидејќи таа е во тие години денес е тука утре ќе ја нема”.

Во книгата се опишани имињата на првите кројачи, шнајдерки, фризерки, пајтонџии, слаткари за кои Алимовска истражувала теренски заедно со членовите на организацијата 22 Нентори и ги посетиле сите албански семејства во руралните средини каде што имале директен контакт со безброј албански жени кои до ден денес ја одржуваат традицијата на облекување посебно во вторник и петок кога е пазар во Битола може да се забележи фолклорната носија на жените од селото Острец, една и единствена зачувана од памтивек. Сибела успева да собере над стотина изворни песни, легенди, ритуали со природни билки, пагански обичаии и тн.
Книгата содржи обилен материјал со доста податоци за која книга Алимовска верува дека ќе биде преведена на три јазици од кои македонски, турски и англиски јазик.
Здружението 22 ри ноември е основано во 2014 во Битола со мисија и цел да ги обедини сите етнички заедници и во насока на будење на свеста во потрага по вистината за она што се нарекува култура и културен идентитет во материјална и духовна форма.












