Во Битола во Book’s house, се одржа промоција на најновата книга на Весела Богдановиќ со наслов „Остров на тишината“ . Се работи за прв роман за возрасни, со оглед на тоа што авторката е препознатлива по книгите за деца, во издание на Антолог. Роман кој буди голема заинтересираност кај читателите на авантури, трилери, мистерии протакени со летна романса.

Лектор на книгата е Љубица Севдинска, а главен уредник на истата е писателот Жарко Кујунџиски. Се започнало од желбата на авторката за посета на Островот Сазан, кој го видела од брегот на Валона.

„Чудно ми беше како островот не е искористен за туризам, за хотели, зошто е ретко дозволен за посети и тоа од само еден час. Има интересна историја и мистериозна сегашност и правев планови како да стигнам до него“, истакна авторката.
Книгата е предизвик за љубителите на авантуристични приказни – неизвесност зачинета со летна романса. Весела Богдановиќ е автор на повеќе книги за деца.












