Вечерва во Палатата на културата – Офицерски дом со почеток во 19.00 ч. во рамките на програмата на Бит фест 2022, ќе се одржи работилница и промоција на „Приказни за деца и животни“ од Тихомир Јанчовски, поддржана од Општина Битола.
„Приказни за деца и животни“ е неговата прва книга за деца, се работи за баснарка-боенка. Содржи 14 басни со илустрации во кои ликовите главно се урбани животинки што се наоѓаат пред разни искушенија и дилеми кои ги решаваат на детски наивен и љубовен начин. Во книгата ќе ги најдете бувот Џуши, крокодилот Кроко, Дино Сајрус, јазовецот Бранко, мрзливецот Ано, две деца што станале китови, кучето Флопи и други протагонисти.
Работилницата ќе ја водат и ќе читаат делови од книгата авторот Тихомир Јанчовски, Билјана Бејковска и Даниела Јовановска.












