ТЕРА

REKLAMA???

ПРОНАЈДЕНИ И ОДЗЕМЕНИ БЕСПРАВНО ИСЕЧЕНИ ДРВА

Во текот на 20.09.2022, полициски службеници на СВР Битола спроведоа акциска контрола за спречување и откривање на лица кои вршат бесправна сеча и транспорт на огревно дрво. При контролата пронајдени се 17 кубни метри огревно дрво и лишени од слобода биле четири лица.

Акцијата е спроведена во реоните на Крушево, Македонски Брод и Прилеп.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти полицијата.