Сезоната на матурските прослави не заврши. По прославите на годинашните матурантуи, се случуваат оние на генерациите. Деновиве уште една таква прослава. 54 години од матурирањето на генерацијата 1968/69 од гимназијата „Браќа Миладиновци“ во Битола.

Информациите со нас ги сподели Владо Стојанов. Се присетува дека околу 189 матуранти тогаш завршиле четврта година во 7 до 8 парарелки со број на ученици од 28, 30 па и 35 во една паралелка. Тоа беа класови со масимален бројки на ученици.

На секоја петта година вели дека се собираа да си прославуваат. Последните години тоа го прават секоја прва недела во јуни, се присетуваат на деновите од средното образование, зборуваат за периодот по матурирањето, како и за сегашноста.

Организационен тим се грижи за прославата која ќе биде в година за 55 години од матурирањето и вели дека тогаш ќе направат голема прославата за тој голем јубилеј.
Она што исто така е важно, е дека и натаму се обидуваат да одржуваат контакти, да се бараат кој каде е, иако дел од нив и преку граница во други држави.
На 50 годишнината од матурирањето биле околу 60 луѓе, годинава на 54 годинишнината од матурирањето 18 луѓе.












