ТЕРА

REKLAMA???

ПРОТЕСТ НА ССМ, БЛОКИРАН ВЛЕЗОТ НА СКОПЈЕ

„Се ќе застане за работникот да опстане“ и „Улиците можат да бидат празни“ е пораката на ССМ кој утрово го блокираше влезот на Скопје кај Автокоманда. Како што вчера најавија блокадата траеше од 7 до 10 часот.

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека сите работодавачи треба да ги следат примерите од локално ниво каде што штрајкот е со успех и работниците го добиваат заслуженото и одработеното усогласување на платите за 2806 денари што е едно од главните барања и главна причина за штрајкот, се вели во денешното соопштение на ССМ.

„Вработените во јавниот сектор се солидарни како никогаш до сега, а работниците ​ во јавниот сектор кои добија усогласување на платите овие три изминати денови штрајкуваат и за работниците кои не добија солидарно усогласување на нивните плати за 2806 денари.

Незадоволството на работниците од јавниот сектор е огромно и поради тие причини Сојузот на синдикатите на Македонија продолжува и преку други форми на синдикален притисок,​ незадоволството да го изразува на улица, рекоа од ССМ.