Од Центарот за јавно здравје во Битола информираат дека од понеделник 15 јули до петок 19 јули екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведат втората фаза од теристичката од земја дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21 часот навечер до 4 часот наутро, со апаратура за УВЛ ладно запрашување поставена на пикап возило.
Со оглед на тоа дека активностите ќе се извршувата во вечерните часови, возилото со апаратурата ќе биде означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во централното градско подрачје и перифесијата.
Од Центарот за јавно здравје информираат и дека вчера и денеска нивни екипи ја спроведуваат втората фаза на дезинсекција за уништиување на возрасните форми на комарци на територијата на Општина Новаци во периодот од 19 часот до 2 часот наутро.












