Третата седница на работната група за спроведување реформи во изборното законодавство заврши со разгледување на работната верзија на Изборниот законик, негово усогласување и договарање како процедурално ќе се продолжи.
На седницата, како што објави порталот Цивил медиа, иако беа поканети сите политички партии, присуствуваа само ДОМ, ЛДП и Левица. Со оваа седница заврши и работата на работната група, во делот на донесување на измените во Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
Работна група не се распушта, туку ќе продолжи и понатаму со работа во делот на препорака на изборен модел и донесување на нов Изборен законик, за кои потребно многу повеќе време, доколку се постигне политички консезус околу изборниот модел.
На седицата, покрај инситутициите, редовно со конструктивна дебата и препораки учестувавше и ЦИВИЛ со тројца претставници.
Како што изјави претседателот на работната група, Александар Новакоски, работна група во даденот рок, шест месеци пред изборите, ја заврши својата работа, а колку од измените ќе бидат прифатени, дали тие ќе бидат дел од изборите следната година, зависи од партиите во Собранието и нивната одлука за одредување датум за избори.












