ТЕРА

REKLAMA???

РАДОВИШ НАДИГРАН ВО ФИНИШОТ, ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 ВПИША НОВА ПОБЕДА

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја потврдија улогата на фаворити и славеа над Радовиш со 29-23 во натпревар од шестото коло на групата Б на Суперлигата.

Првиот дел мина во израмнета игра и домаќинот имаше предност од само еден гол (14-13), но во продолжението избраниците на Јовиќ заигра подобро во двата правци на теренот и издвојуваа сигурен триумф, триумф број четири во оваа сезона.

Паузата во шампионатот, заради репрезентативните обврски, Еурофарм Пелистер 2 ќе ја дочека на третото место, веднаш зад Еурофарм Пелистер 2 и Пролет.