Од утрово од 07:40 часот на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, кај обиколницата над Битола, сообраќајот e нормализиран, одронот е комплетно расчистен, соопштија од Автомото сојузот на Македонија.
Претходно беше соопштено дека поради одрон на камења на патниот правец Прилеп – Ресен, кај обиколницата над Битола, сообраќајот од 1:10 часот беше пренасочен низ централното градско подрачје.
фото: Архива












