ТЕРА

REKLAMA???

РЕАКЦИЈА НА РОДИТЕЛИ ОД ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ВО СТРЕЛИШТЕ

Денеска попладне пред објектот на Подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во населбата Стрелиште реагираа родители за како што велат проблемот со парното греење во училиштето.

„Има проблем во овај објект, во кој има градинка и училиште. Проблем има со парното греење веќе од ноември месец. Топлата вода некаде во цевките под земјата бега и поради тоа добивме информација дека ќе дојди до затворање на училиштео. Затоа сме загрижени, нема да дозволиме некој објект што веќе 30 години функционира непречено и има 60 деца во училиштето да дојди до затворање. Четири месеци откако излезе тој проблем децата одат на училиште со скратени часови. Мислам дека е 15 илјади евра како што имам информација за да се пушти нова инсталација од котелот до радијаторите и со тоа проблемот ќе се реши и ќе функционира непречено. Објектот е на Општина Битола, градоначалникот излезе со некое соопштение, со истото со кое излезе и во ноември лани дека ќе се реши проблемот, ама гледаме дека досега не е решен“, рече Гоце Цуцуловски, родител.