Бројот на жртви на семејно насилство во 2022 година е намален за 4,3 проценти во споредба со 2021. Вака на почетокот на оваа година информираа на брифинг во министерката за труд и социјална политика.

Најголем број на жртви имало во Скопскиот регион, односно 530 жртви, а најмалку во Североисточниот регион 60. По Скопскиот, најголем број жртви има во Пелагонискиот регион, односно 241 жртва.
Во Битоло постои регионален центар, односно советувалиште за поддршка на жени и деца жртви на семејсно насилство.
На ова тема разговоравме со Д-р Гордана Ристевска-Димитровска, специјалист психијатар и прихотерапевт, која е претседател на здружението на граѓани Центар за психосоцијална поддршка и истражување „Одраз“, во кој фунционира семејно советувалиште „Одраз“ .
„Женскиот центар за поддршка Битола е партнерски проект помеѓу Здружението на граѓани „Одраз“ и Националната мрежа против насилство врз жени и девојчиња и семејно насилство која е една национална мрежа, значи чадор организација во која фнкицонираат повеќе вакви советувалишта“ вели д-р Ристевска-Димитровска.

Семејното насилство и воопшто насилството врз жени и девојчиња е присутно во нашето општесто и тоа не е изолиран случај само кај нас, туку го има насекаде во светот. Прашавме какви се релациите, однодно поддршката од националните и локалните институции?
„Организацијата и системот како може да придонесе за да се намали оваа појава и да се реагира брзо, има многу поле за работа. На национално ниво, министерството за труд и социјална политика презема определени активноисти, меѓутоа локалните самоуправи го имаат своето место, затоа што граѓаните треба да добијат нешто локално, локален сервис каде што ќе можат да се обратат кога имаат проблем. Нашата локална самоуправа минатата година донесе одлука да се воспостави еден ваков центар и еве овој центар навршува една година во декември со своето функционирање и благодарение на тоа што Советот на Општина Битола и градоначалникот на Битола, многу силно се зазедоа да се помогне во овој горлив проблем, се успеа да се обезбеди финансирање и ова финансирање кое што моментално го добива Женскиот центар за поддршка Битола, почна само со Општина Битола, сега се приклучија и околните општини Могила, Новаци, Демир Хисар и Ресен“ вели таа.

Со ова тие станаа регионален центар за пелагонискиот регион и ова е едно од четирите вакви советувалишта во земјава, едно во Скопје, едно во Тетово и Кавадарци. Прашавме дали повеќе случаите се од урбаните или руралните средини?
„Имаме поголем број на корисници на центарот кои се од урбана средина, меѓутоа дали се охрабруваат побрзо отколку од руралната средина, не можеме баш да кажеме затоа што има помалку жители во руралната средина, не знаеме точно кој е процентот на луѓе кои што трпат семејно насилство во урбаната и руралната средина за да можеме да кажеме кој се охрабрува повеќе. Но, можеме да кажеме дека жртвите многу тешко се охрабруваат да го пријават проблемот. Значи ова е еден проблем кој е многу тежок психички за семејството, но исто така и голем социјален проблем. Жртвите се срамат, се плашат, многу време се обидуваат на секакви разни начини да го надминат насилството, да го подобрат бракот или партнерството, меѓутоа многу често тоа не е случај и на крајот во еден момент ќе го приjават насилството“ вели таа.
Кој е вистинскиот осуден? Насилникот или жртвата? Кои се судиите: средината, блиските, системот?
„Веднаш после тоа, таа жртва која пријавила, се осудила да пријави ваков случај е дополнително трауматизирана преку сите тие коментари, многу негативни, знаат да бидат многу груби, многу трауматични, така што многу чество жртвата е на мета на осуда и од најблиското смејството, меѓутоа многу често и од општеството. Затоа е многу важно целото општеств да свати дека овој проблем не е само проблем на едно семејство или само на една жена, туку е проблем кој што влијае на новите генерации, на децата, на продуктивностa во општеството, влијае на добросостојбата на целото општество. И не треба никогаш насилството да го оставаме да постои и да го толерираме и да се правиме слепи на проблемите“ рече д-р Ристевска-Димитровска.

Д-р Ристевска-Димитровска вели дека често пати јавноста одмага наместо да помогне во ваквите случаи, меѓутоа вели дека се надеваат и е многу важно да се работи на целокупната атмосфера во општеството каде што се помалку ќе бидеме толерантни на секакво насилство и врсничко и семејно и секое друго.












