ТЕРА

REKLAMA???

РЕГИОНАЛНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД ПЕЛАГОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ ја одржа првата регионална средба со градоначалниците и претседателите на Советите на општините од Пелагонискиот регион во Битола.

На регионалната средба присуствуваа претставници на локалната самоуправа од општините Битола, Прилеп, Ресен, Могила, Новаци и Демир Хисар.

Целта на средбата беше размена на искуства и идеи со цел подобро планирање на општинските буџети за наредната година, со цел поефикасна работа и реализација на проектите ветени во изборните програм, како и подобро справување на локалната самоуправа со негативните ефекти од глобалната економска и енергетска криза.

Градоначалниците велат дека своите програми ги реализираат, но додаваат дека не оди се според планот заради, како што велат негативните состојби кои ги затекнале кога дошле на власта, како и економската и енергетската криза во светот и кај нас.

Организатори на регионалната средба беа Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, Комисијата за енергетика и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.