Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети селото Логоварди, каде во завршна фаза е реализацијата на проектот за реконструкција на коловоз на уличен крак 2 низ селото во должина од 235 метри.

За овој проект, локалната самоуправа од општинскиот буџет инвестира 2.315.112 денари.

Ова е еден од проектите со кои општина Битола, продолжува да вложува во подобрување на патната инфраструктура во руралните средини, велат од Општина Битола.












