Времето денеска променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови. Снег ќе врне само на највисоките врвови. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 70 км/час).Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени. Во Битола со максимална дневна температура од 14 степени.
Метеоролозите најавуваат дека под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите на повеќе места ќе бидат обилни и до сабота се очекува да наврнат над 50 л/м2. Утре локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Денес и утре ќе дува засилен, а повремено силен ветер (над 70 км/час) од јужен правец што ќе услови топло време за овој период од годината.
Во петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала се очекува и во некои пониски места.












