„Знаењето отвара нови можности, дава сила и мудрост, кои се неопходно потребни во животот. Затоа е важно да се стекне што е можно повеќе знаење низ процесот на образование. Но, образованието е многу повеќе од наставна програма“.

За да се увериме во ова, бевме во посета на првото приватно средно стручно училиште во Македонија. САБА постои 15 години. Годинава прославија јубилеј.

„Приказната започнува во Скопје. По една година од почнувањето училиштето се шири и во Битола, за денеска да не има во три градови во Македонија, во Скопје, Битола и Штип. Училиштето е приватно средно стручно училиште, што значи дека ги нуди четирите смерови, за бизнис, администрација, информатика и туризам“ вели м-р Бисера Бијелиќ-Стојчевска, професор по македонски јазик и литература.

Лука е ученик во прва година во ова приватно училиште. Го прашавме кои се предностите, односно зошто тука одлучил да го продолжи средното образование.
„Овде професорот може да ти посвети повеќе внимание, имаш можност повеќе да се изразиш, повеќе да научиш. Учиме во помали групи“ вели Лука Велковски-ученик во САБА, кој е на насоката администарција.

Софија е исто така ученичка во ова училиште, сега заврши прва година. И неа ја прашавме зошто изборот беше приватно средно образование.
„ Некако најдобра опција ми беше приватното образование отколку државното. Конекцијата помеѓу ученик и професорот, тука во САБА е поинаква, отколку што ми беше во основното училиште“ вели Софија Наумовска-ученичка во САБА. Таа е на насоката бизнис.
Професорката Бијелиќ-Стојчевска вели дека нив ги радува фактот што како училиште растат и во квантитет и во квалитет.
Она што нив ги издвојува, како приватно училиште се големиот број на Еразмус плус програми и праксата за учениците.

Во рамките на Еразмус плус програмата деновиве САБА е домаќин на гости од Турција.

На почеток запознавање со градот, со Македонија, со училиштетот, а потоа работилниците и активностите.













