ТЕРА

REKLAMA???

САМО 24 СОВЕТНИЦИ НА ВОНРЕДНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

Со интонирањето на македонската химна започна вонредната седница на Советот на Општина Битола каде имаше куса расправа за барањето на градоначалникот Тони Коњановски за промена на режимот на сообраќај во централното градско подрачје, односно да нема забрана за сообраќај во вечерните часови на преминот кај Широк Сокак. Ова се бара за да се случи растоварување на сообраќајните гужви низ градот, заради градежните активности низ неколку улици.

По интронирањето на химната беше констатирано дека присустни се 24 советници од вкупно 31 колку што ги има во овој совет.

Закажана за 8:30, но почна малку подоцна, а и на левата и на десната страна имаше празни места, меѓу кои и тоа на главниот во советничката група, односно координаторот на СДСМ.

Најпрво се гласаше за оправданоста на итноста и причините за свикување на оваа седница, за што советниците беа едногласни „за“.

По ова беше отворена расправа за точката од дневниот ред.