ТЕРА

REKLAMA???

САНКЦИИ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ И ВОЗЕЊЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ

Во текот на изминатата вечер (03/04.09.2022)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 27 возач. За време на контролата биле санкционирани и 25 останати прекршоци. 

Вчера (03.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 31  возачи. Од нив 25 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 6 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Од СВР Битола велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуват сообраќајните правил и прописи.

Во рамките на територијата на СВР Битола спаѓаат: Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево.