ТЕРА

REKLAMA???

САНКЦИОНИРАНИ 19 ВОЗАЧИ КОИ УПРАВУВАЛЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ

МВР соопшти дека во текот на вчерашната вечер (29./30.10.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 137 возачи. Од нив 28 на територија на СВР Скопје, 20 на територија на СВР Штип, 19 на територија на СВР Тетово.

СВР Битола соопшти дека во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 19 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 26 останати прекршоци.

Од СВР Битола велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.